Магазинот „Форбс“ со специјална едиција за Македонија

Bez autora
Dec 02 2013

Економските можности на Македонија, поволностите за странските инвеститори, како и мерките за стимулација на инвестициите се само дел од темите разработени во ноемвриското издание на магазинот „Форбс“, кој подготви специјална едиција посветена на земјава. Во текстот Македонија се нарекува „бисер на Балканот“, раскрсница на големите светски цивилизации античката, македонската, римската, византиската и отоманската. Во текстот во „Форбс“ авторот ја посочува Македонија како бизнис-рај во Европа. Тој пишува дека земјата може да се пофали со локација на помалку од 2.000 километри оддалеченост од повеќето европски престолнини, а е во близина и на Северна Африка, Азија и Блискиот Исток. Притоа поседува одлична инфраструктура и исплатлива работна сила.

Магазинот „Форбс“ со специјална едиција за МакедонијаЕкономските можности на Македонија, поволностите за странските инвеститори, како и мерките за стимулација на инвестициите се само дел од темите разработени во ноемвриското издание на магазинот „Форбс“, кој подготви специјална едиција посветена на земјава.

Во текстот Македонија се нарекува „бисер на Балканот“, раскрсница на големите светски цивилизации античката, македонската, римската, византиската и отоманската. Во текстот во „Форбс“ авторот ја посочува Македонија како бизнис-рај во Европа. Тој пишува дека земјата може да се пофали со локација на помалку од 2.000 километри оддалеченост од повеќето европски престолнини, а е во близина и на Северна Африка, Азија и Блискиот Исток. Притоа поседува одлична инфраструктура и исплатлива работна сила.

„Форбс“ ги потенцира многуте поволности за водење бизнис во Македонија. Меѓу другото, во текстот наведува дека странските инвеститори добиваат непристрасен третман без ограничувања на профитот, а издатоците и оперативните трошоци се пониски од оние во соседните земји.

- Со можности за проширување на производството, слободни економски зони, недвижности, туризам, земјоделството и многу други сектори, сега е вистинското време да се инвестира во Македонија - заклучува авторот на текстот.

Во едицијата е објавен и разговор со премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на прашањата, премиерот истакнува дека области во кои се насочени инвестициите се општо производство, авто-мото индустријата, преработката на храна, рударство, ИKТ и туризмот, кои се само дел од областите во кои земјава е во предност пред конкуренцијата.

- Влада која е отворена за комуникација, а во однос на бизнисите, преставува доверлив партнер за реализација на заеднички проекти што ќе придонесе за економскиот напредок на земјата и граѓаните. Во овој поглед Владата спроведува активни мерки и проекти и постепено ја менува слика за македонската економија - вели Груевски за „Форбс“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik